Competition in this pair is now closed. Discussion and feedback about the competition in this language pair may now be provided by visiting the "Discussion & feedback" page for this pair. Entries may also be individually discussed by clicking the "Discuss" link next to any listed entry. Source text in English Imagine dining in a European capital where you do not know the local language. The waiter speaks little English, but by hook or by crook you manage to order something on the menu that you recognise, eat and pay for. Now picture instead that, after a hike goes wrong, you emerge, starving, in an Amazonian village. The people there have no idea what to make of you. You mime chewing sounds, which they mistake for your primitive tongue. When you raise your hands to signify surrender, they think you are launching an attack.
Communicating without a shared context is hard. For example, radioactive sites must be left undisturbed for tens of thousands of years; yet, given that the English of just 1,000 years ago is now unintelligible to most of its modern speakers, agencies have struggled to create warnings to accompany nuclear waste. Committees responsible for doing so have come up with everything from towering concrete spikes, to Edvard Munch’s “The Scream”, to plants genetically modified to turn an alarming blue. None is guaranteed to be future-proof.
Some of the same people who worked on these waste-site messages have also been part of an even bigger challenge: communicating with extraterrestrial life. This is the subject of “Extraterrestrial Languages”, a new book by Daniel Oberhaus, a journalist at Wired.
Nothing is known about how extraterrestrials might take in information. A pair of plaques sent in the early 1970s with Pioneer 10 and 11, two spacecraft, show nude human beings and a rough map to find Earth—rudimentary stuff, but even that assumes aliens can see. Since such craft have no more than an infinitesimal chance of being found, radio broadcasts from Earth, travelling at the speed of light, are more likely to make contact. But just as a terrestrial radio must be tuned to the right frequency, so must the interstellar kind. How would aliens happen upon the correct one? The Pioneer plaque gives a hint in the form of a basic diagram of a hydrogen atom, the magnetic polarity of which flips at regular intervals, with a frequency of 1,420MHz. Since hydrogen is the most abundant element in the universe, the hope is that this sketch might act as a sort of telephone number. | Winning entries could not be determined in this language pair.There were 3 entries submitted in this pair during the submission phase. Not enough votes were submitted by peers for a winning entry to be determined.
Competition in this pair is now closed. | Замислете да вечерате во европска престолнина при што не го знаете тамошниот јазик. Келнерот зборува малку англиски, но вака или онака успевате да нарачате нешто што препознавате на менито, јадете и плаќате. Сега, наместо тоа, замислете дека, откако планинарењето ќе тргне наопаку, изникнувате жив гладен во едно амазонско село. Луѓето таму немаат поим што да мислат за вас. Вие имитирате звуци на џвакање, кои тие погрешно ги протолкуваат како ваш исконски јазик. Кога кревате раце за да назначите предавање, тие мислат дека започнувате напад. Комуницирањето без заеднички контекст е мачно. На пример, радиоактивните места мора да бидат оставени непореметени десетици илјади години; сепак, имајќи предвид дека англискиот јазик од пред само 1 000 години, сега е неразбирлив за повеќето негови современи говорители, друштвата се имаат намачено да изготват предупредувања за да го придружуваат нуклеарниот отпад. Одборите задолжени за тоа смислија сè, од огромни бетонски шилци, до „Пискот“ на Едвард Мунк, до растенија генетски модифицирани да се претворат во тревожно сино. За ниту едно не е сигурно дека ќе биде долгорочно. Некои од истите луѓе кои работеа на овие пораки за депониите, исто така беа дел од еден уште поголем предизвик: воспоставување врска со вонземски живот. Ова е предмет на „Вонземски јазици“, нова книга на Даниел Оберхаус, новинар во Wired. Ништо не е познато за тоа како вонземјаните можат да примат информации. Во раните 1970-ти со Пионер 10 и 11, две вселенски летала, беа испратени две плочи, кои прикажуваат голи човечки суштества и приближна мапа за наоѓање на Земјата - некои основни работи, но дури и со тоа се претпоставува дека вонземјаните можат да ги видат. Бидејќи таквото летало нема повеќе од незначително мали шанси да биде пронајдено, радиофонијата од Земјата, патувајќи со брзина на светлината, има поголема веројатност да оствари контакт. Но, исто како што копненото радио мора да биде наместено на правилната фреквенција, така треба и меѓуsвезденото. Како вонземјаните случајно би се нашле на правилната? Плочата на Пионер дава наговестување во облик на основен дијаграм на атом на водород, чиј магнетски поларитет се превртува во редовни интервали, со фреквенција од 1 420 MHz. Поради тоа што водородот е најзастапен елемент во вселената, постои надеж дека овoj приказ може да служи како еден вид телефонски број. | Entry #31808 — Discuss 0 — Variant: Not specifiednone
Voting points | 1st | 2nd | 3rd |
---|
14 | 3 x4 | 1 x2 | 0 |
- 2 users entered 2 "like" tags
изникнувате жив гладен | Flows well | ViktorZ No agrees/disagrees | |
долгорочно | Good term selection добар избор | Numberguy (X) No agrees/disagrees | |
- 3 users entered 11 "dislike" tags
- 1 user agreed with "dislikes" (2 total agrees)
- 2 users disagreed with "dislikes" (6 total disagrees)
-1 1 Замислете да | Grammar errors Ова многу чудно звучи. Точно би било „Замислете дека“. Со зборот „да“ изгледа како реченицата понатаму да е пресечена. Не би употребил во никој случај „да“ тука. | ViktorZ | |
-2 1 престолнина | Other лош избор на збор, не сите држави во Европа се кралства | Numberguy (X) | |
исконски | Mistranslations примитивен | Lil763 No agrees/disagrees | |
-1 1 непореметени | Other лош избор на збор | Numberguy (X) | |
друштвата | Mistranslations | Lil763 No agrees/disagrees | |
-1 1 придружуваат | Other лош избор на збор | Numberguy (X) | |
-1 1 стенија генетски модифицирани да се претворат во | Syntax Би можело да звучи подобро кога би се вметнало едно „така“ и едно “за“: „до растенија кои се генетски модифицирани така за да се претворат во...“ Вака како што стои е синтагмата чудна поради обратниот редослед на именката и двете последователни придавки. | ViktorZ | |
+1 1 ицирани да се | Punctuation Овде можеби би било подобро кога би стоела една запирка по растенија. Појасно би било. | ViktorZ | |
| Other Во македонскиот јазик таквите странски имиња се транслитерираат: „Вајрд“. | ViktorZ | |
некои | Mistranslations Ова не е точно. Во оригиналот не стои "some". Тука не би очекувал во никој случај „некои“. | ViktorZ No agrees/disagrees | |
копненото р | Mistranslations терестријално е стручен збор што се употребува. Може исто да се опише. Но, копно не е антоним на меѓуѕвездено. Затоа е погрешно. | ViktorZ No agrees/disagrees | |
| Замисли си дека вечераш во еден европски главен град каде што не го знаеш локалниот јазик. Келнерот малку зборува англиски, но како што знаеш и умееш, успеваш да нарачаш од менито некакво јадење што го препознаваш, јадеш и за коешто ќе платиш. А сега препушти ѝ се на фантазијата и место тоа, ќе залуташ при пешачење и одеднаш се појавуваш изгладнет во село крај реката Амазон. На луѓето таму не им паѓа напамет што да прават со тебе. Испушташ звуци како да џвакаш, а за кои тие помислуваат по грешка дека тоа е твојот примитивен јазик. Кога ги подигнуваш рацете да покажеш дека се предаваш, си мислат дека ќе ги нападнеш. Општењето без заеднички контекст е тешко. Па така, локации со радиоактивен отпад мора да останат непристапни во текот на десетици илјади години. Сепак, со оглед на тоа дека англискиот јазик од пред илјада години е денес неразбирлив за неговите денешни говорители, надлежните институции работеле напорно на создавање на предупредувачки пораки непосредно пред нуклеарниот отпад. Комитетите задолжени за оваа задача смислиле сѐ и сешто, почнувајќи од кули со бетонски шилци, преку сликата „Вресок“ на Едвард Мунх, па сѐ до генетски модифицирани растенија кои посинуваат во знак на предупредување. Ниеден од овие предупредувачки сигнали нема гаранција за успех во иднина. Некои од истите лица што ги изработувале овие предупредувачки пораки пред депониите со опасен отпад се соочиле со уште поголем предизвик: комуникација со вонземјани. Ова е тема на новата книга на Даниел Оберхаус „Вонземски јазици“, којшто работи како новинар во списанието „Вајрд“. Не знаеме ништо за тоа како вонземјаните восприемаат информации. На пар плочки испратени на почетокот на седумдесетите години со двата вселенски брода, „Пионер 10“ и „Пионер 11“, се насликани голи човечки суштества и груба мапа со цртеж како да се пронајде Земјата – сосема едноставни нешта, за кои може да се мисли дека дури и вонземјани би ги препознале. Бидејќи таквите предмети немаат повеќе од бесконечно мали шанси да бидат откриени, веројатноста радио-програмите од Земјата, коишто патуваат со брзината на светлината, да воспостават контакт е поголема. Но, така како што радиото на Земјата мора да биде вклучено на точната фреквенција, така мора да биде пуштено и она меѓуѕвезденото. Како тогаш вонземјаните случајно би наишле на точната фреквенција? Плочките на вселенскиот брод „Пионер“ пружаат мала помош во облик на основен дијаграм на водороден атом, чијшто магнетен поларитет се врти во редовни временски интервали, со фреквенција од 1,420 мегахерци. Бидејќи водородот е најраспространетиот елемент во универзумот, постои надеж дека овој цртеж ќе функционира како еден вид на телефонски број. | Entry #31288 — Discuss 0 — Variant: Not specifiednone
Voting points | 1st | 2nd | 3rd |
---|
12 | 2 x4 | 2 x2 | 0 |
- 1 user entered 7 "like" tags
- 2 users disagreed with "likes" (2 total disagrees)
си мислат дека ќе ги нападнеш. | Flows well | Vladimir Jovanovski (X) No agrees/disagrees | |
Општењето | Good term selection одличен избор | Vladimir Jovanovski (X) No agrees/disagrees | |
смислиле сѐ и сешто | Flows well | Vladimir Jovanovski (X) No agrees/disagrees | |
посинуваат | Good term selection | Vladimir Jovanovski (X) No agrees/disagrees | |
-2 1 восприемаат | Good term selection | Vladimir Jovanovski (X) | |
како да се пронајде | Flows well | Vladimir Jovanovski (X) No agrees/disagrees | |
сосема едноставни нешт | Flows well | Vladimir Jovanovski (X) No agrees/disagrees | |
- 3 users entered 15 "dislike" tags
- 2 users agreed with "dislikes" (7 total agrees)
- 2 users disagreed with "dislikes" (5 total disagrees)
| Other и ќе платиш | Numberguy (X) | |
+1 А сега препушти ѝ се на фантазијата и место тоа | Other Држи се до буквално англискиот и ќе има повеќе смисла | Numberguy (X) | |
+1 ќе залуташ при пешачење и одеднаш се појавуваш изгладнет во село крај реката Амазон. | Spelling Држи се до буквално англискиот и ќе има повеќе смисла | Numberguy (X) | |
-1 1 по грешка | Syntax | Vladimir Jovanovski (X) | |
| Mistranslations На пример | Lil763 | |
| Omission пожелно е со цифри, за да видиме дали ќе биде точно напишано | Vladimir Jovanovski (X) | |
-1 +1 2 е денес | Syntax денес е | Vladimir Jovanovski (X) | |
| Grammar errors работеа | Numberguy (X) | |
-1 1 непосредно пред | Inconsistencies | Vladimir Jovanovski (X) | |
кули | Mistranslations towering е придавка | Vladimir Jovanovski (X) No agrees/disagrees | |
седумдесетите | Omission пожелно со цифри како во оригиналот | Vladimir Jovanovski (X) No agrees/disagrees | |
| Mistranslations | Vladimir Jovanovski (X) | |
-1 1 така | Other мислам дека е непотребно | Vladimir Jovanovski (X) | |
врти | Mistranslations се заменуваат магнетните полови | Vladimir Jovanovski (X) No agrees/disagrees | |
1,420 | Punctuation со запирка се пишуваат децимални броеви во македонски, а во англискиот со точка. додека во англискиот со запирка се разделуваат илјадите, милионите и милијардите | Vladimir Jovanovski (X) No agrees/disagrees | |
| Замислете си како вечерате во некој главен Европски град, каде што не го познавате локалниот јазик. Келнерот малку зборува англиски, ама со сиот напор успевате да нарачате нешто кое што го распознавате од менито, да го изедете и платите. Сега, наместо тоа замислите си, откако планинарењето тргне во погрешна насока, доаѓате, изгладнети во Амазонско село. Луѓето таму немаат појма што да прават со вас. Правите мимики со џвакачки звуци, коишто тие погрешно ги сфаќаат како да се ваш примитивен јазик. Кога ги подигате рацете да означите дека се предавате, тие помислуваат дека лансирате напад. Да се комуницира без заеднички контекст е тешко. На пример, радиокативните места мора да се остават недопрени 10-тина или 100-тина години; сепак, со оглед на тоа дека англискиот јазик од пред само 1.000 години сега е неразбирлив за повеќето од модерните зборувачи, агенциите имаа потешкотии да направат предупредувања да го пропратат нуклеарниот отпад. Комитетите коишто се одговорни за тоа, имаа разни идеи, од подигање на цементни шилци, до композицијата „Врисокот“ (The Scream) од Едвард Мунч, до генетски модифицирани фабрики коишто ќе алармираат сино. За ниту едно од тие нешта не се гарантира дека ќе се докажат во иднина. Некои од истите луѓе, коишто работеа на тие отпадни места, исто така беа и дел од еден дури и поголем настан: комуницирање со вонземјани. Ова е темата на „Вонземјански јазици“, новата книга на Даниел Оберхаус, новинар во „Вајарт“ (Wired). Не се знае ништо за тоа како вонземјаните може да приземат информации. Неколку плакети коишто беа испратени во раните 1970-ти со Пионир 10 и 11, двете вселенски летала, покажуваат голи човечки суштества и груба мапа за наоѓање на Земјата - тоа е рудиментирана работа, но дури и преку тоа се смета дека вонземјаните може да гледаат. Поради тоа што такво летало нема ништо повеќе од бесконечно мала шанса да биде најдено, радио преносите од Земјата и патувањето со брзина на светлината имаат поголема веројатност да направат контакт. Ама исто како што терестриалното радио мора да се вклучи на точна фреквенција, исто така треба и меѓуѕвезденото. Ама како вонземјаните ќе се појават на правото? Плакетата Пионир ни дава навестување во форма на основен дијаграм на еден атом на водород, магнетскиот поларитет кој што се превртува во регуларни интервали, со фреквенција од 1,420 MHz. Поради тоа што водородот е најраспространет елемент во вселената, надежта е дека оваа скица може да делува како некој вид на телефонски број. | Entry #30655 — Discuss 0 — Variant: Not specifiednone
Voting points | 1st | 2nd | 3rd |
---|
1 | 0 | 0 | 1 x1 |
- 1 user entered 1 "like" tag
пропратат | Good term selection добар избор | Vladimir Jovanovski (X) No agrees/disagrees | |
- 3 users entered 29 "dislike" tags
- 3 users agreed with "dislikes" (17 total agrees)
- 1 user disagreed with "dislikes" (9 total disagrees)
Европски | Spelling се пишува со мала буква | Vladimir Jovanovski (X) No agrees/disagrees | |
-1 +1 1 да го изедете и платите | Grammar errors | Vladimir Jovanovski (X) | |
| Grammar errors „Замислете си“ е заповедниот начин од глаголот „замисли“, не замислите си. | ViktorZ | |
Амазонско | Spelling се пишува со мала буква | Vladimir Jovanovski (X) No agrees/disagrees | |
прават со | Mistranslations што да мислат за вас | Lil763 No agrees/disagrees | |
-1 +1 2 лансирате | Mistranslations несоодветен збор | Vladimir Jovanovski (X) | |
+1 10-тина или 100-тина години | Mistranslations погрешен превод | Vladimir Jovanovski (X) | |
-1 +1 1 1.000 | Spelling се пишува без точка, туку со празнина | Vladimir Jovanovski (X) | |
на | Omission придавката towering е испуштена | Vladimir Jovanovski (X) No agrees/disagrees | |
| Mistranslations погрешен превод | Vladimir Jovanovski (X) | |
+1 1 фабрики | Mistranslations погрешен превод | Vladimir Jovanovski (X) | |
алармираат | Mistranslations | Lil763 No agrees/disagrees | |
-1 +1 1 ќе се докажат во иднина | Mistranslations непрецизен превод | Vladimir Jovanovski (X) | |
„Вајарт | Spelling вајрд | Vladimir Jovanovski (X) No agrees/disagrees | |
-1 1 приземат | Spelling не сум чул за овој глагол | Vladimir Jovanovski (X) | |
| Mistranslations Неколку не се, пар се (или две) плочки | ViktorZ | |
-1 1 Пионир | Spelling на македонски е со 'е' - пионер | Vladimir Jovanovski (X) | |
двете вселенски летала | Syntax погрешно место на синтагмата | Vladimir Jovanovski (X) No agrees/disagrees | |
+1 тоа е рудиментирана работа, но дури и преку тоа се смета дека вонземјаните може да гледаат | Inconsistencies неразбирливост | Vladimir Jovanovski (X) | |
такво летало | Other множина треба да е - летала | Lil763 No agrees/disagrees | |
и патувањето | Mistranslations Се однесува на радио-преносите, кои патуваат со брзина на светлина. | Lil763 No agrees/disagrees | |
-1 1 направа | Other има други посоодветни зборови за овој контекст | Vladimir Jovanovski (X) | |
-1 +1 2 терестриалното | Other има подобар збор | Vladimir Jovanovski (X) | |
правото | Spelling Се мисли на фреквенцијата | Lil763 No agrees/disagrees | |
Плакетата Пионир | Mistranslations бродот е Пионер, не плакетата или плочката | Vladimir Jovanovski (X) No agrees/disagrees | |
| Spelling со запирка се пишуваат децимални броеви | Vladimir Jovanovski (X) | |
-1 +2 2 надежта е | Grammar errors разбирливо, но не во духот на македонскиот јазик | Vladimir Jovanovski (X) | |
| | | | | X Sign in to your ProZ.com account... | | | | | | ProZ.com translation contestsProZ.com translation contests offer a fun way to take a break from your normal routine while testing and honing your skills with fellow translators.
ProZ.com Translation Contests. Patent pending. |